Lifestyle

Во Малта најмногу се нарачува храна преку онлајн продавници

Малта, Англија и Холандија се земјите во кои граѓаните најмногу  нарачуваат храна преку интернет платформите за испорака. Според податоците на Евростат, 67 отсто од населението во Малта нарачува храна преку онлајн доставувачи, во Холандија нивното учество е 55 отсто и во Англија со 54 отсто.

Неодамна беа објавени најновите податоци на Евростат за тоа каде во Европа луѓето најчесто нарачуваат храна преку онлајн продавници. Германија, Бугарија, Шведска, Белгија, Словачка, Романија, Австрија и Чешка се движат меѓу 20 и 35 отсто, додека Црна Гора, Португалија, Естонија, Унгарија и Финска достигнуваат 40 отсто. Во Шпанија учеството на граѓаните кои  ги користат  онлајн нарачките на храна  изнесува  42 отсто. Во Грција е 44 отсто, а во Швајцарија, Турција и Ирска малку под 50 отсто.

На дното на листата се Србија со осум отсто од населението што ги користи овие услуги. Следат,  Полска со 18 отсто, Италија со 19, Словенија и Франција со 20, БиХ со 21 и Хрватска со 22 отсто, објави „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано