Работниците се враќаат во канцелариите, а работата од дома во Соединетите Американски Држави е на најниско ниво. Во мај годинава само 26,6 отсто од работните денови биле извршени од дома, за разлика од 60 отсто во времето на пандемијата. Сепак, работата од дома доминира во неколку индустриски гранки, покажало најновото истражување кое е спроведено од Универзитетот Стенфорд и Универзитетот во Чикаго. Од вработените со полно работно време во САД, 13 отсто работеле од дома, 26 отсто работеле хибридно, а 62 отсто секојдневно оделе во канцелариите или на другите работни места, пренесува „Форбс Србија“.
Најголем процент на луѓе кои работеле од дома или во просек 2,2 дена во текот на неделата има во информатичкиот сектор (69 отсто) и во финансиската индустрија (66 отсто). Најмало учество на работници од дома имало во угостителството (0,6 денови во неделата) и малопродажбата (0,7 денови во неделата). Истражувачите заклучиле дека работниците кои работеле од дома најчесто живееле во големите градови и биле ангажирани на високо платени работни места кои бараат користење на компјутер. За работните ангажирања во угостителството и во малопродажбата потребно е и физичко присуство на работниците.
Од девет анализирани мегалополиси во САД, најмногу работници од дома имало во Лос Анџелес (34,4 отсто), Хјустотн (32 отсто) и во Сан Франциско (32 отсто).
фото freepic