Економија

Огромен раст на прометот во секторот рударство во Србија

Вкупниот промет на индустријата во Србија остварен во април 2024 година е зголемен за 23 отсто во однос на април 2023 година. Во споредба со просекот од претходната година прометот е зголемен за 14,4 отсто, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Споредено по сектори, во април 2024 година, во секторот рударство  забележан е раст на прометот за 82,1 отсто, а во  преработувачката индустрија растот е 20,5 отсто.

Во периодот април 2024 и април 2023 година прометот во индустријата на домашниот пазар има зголемување од 25,1 отсто, а на меѓународниот пазар растот е 20,7 отсто, пренесе „Новости“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано