Lifestyle

Дубаи гради најсовремен систем за одводнување!

Властите на емиратот Дубаи ги претставија плановите за изградба на систем за одводнување на дождовните води, за чија реализација ќе бидат потрошени 7,5 милијарди евра. Изградбата треба да започне веднаш и ќе трае до 2033 година, пренесува француската новинска агенција АФП.

Новата инфраструктура ќе го зголеми капацитетот за сегашната мрежа на одводнување на дождовницата за 700 отсто. Ова преставува најголем инфраструктурен систем од овој вид во регионот, со што земјата ќе биде подготвена за идните предизвици од климатските промени.

Реализацијата на овој градежен проект се случува по големата дождовна бура што ги зафати Обединетите Арапски Емирати во април годинава. Ова беше најголемата природна непогода од пред 75 години, а во некои делови од земјата  во еден ден падна 254 милиметри дожд. Ова е количина на дождовна вода која во пустинските предели паѓа во период од две години. Обилниот дожд предизвика сериозен застој на авионскиот и патниот сообраќај во земјата.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано