Економија
Саудиска Арабија станува главен светски центар во градежништво
26.06.2024
Саудиска Арабија ќе биде најголем светски пазар за градежништвото, затоа што земјата планира да вложи огромни средства во проекти за обновување и диверзификација на економијата. Се предвидува вкупната вредност на градежните активности во земјата до крајот на 2028 година да достигнат 181,5 милијарди американски долари, што е зголемување од 30 отсто во однос на 2023 година, соопшти консулатнтксата компанија за недвижности Кнаит Франк, со седиште во Лондон.
Поголемиот дел од овие средства ќе бидат инвестирани во станбените објекти и за реализација на т.н. гига проекти. Планот, познат како „Визија 2030“, е донесен пред осум години и Саудиска Арабија почна со реализација на проекти чија вредност е поголема од 1.250 милијарди долари, пренесува „Блумберг“.
Само во 2023 година биле одобрени повече од 140 милијарди долари за градежни активности, а повеќето од нив биле во Ријад. Власта во Саудиска Арабија има за цел да ја зголеми својата популација на десет милиони жители до 2030 година. Главниот град стана централна инвестициона точка, бидејќи Саудиска Арабија се подготвува за биде домаќин на светската изложба ЕКСПО 2030 и најверојатно и за Светскиот куп во фудбал во 2034 година, пренесе „Бизнис.рс“.
фото freepic