Lifestyle
Вклучете се во живо на настанот Galaxy Unpacked на 10 јули
28.06.2024г.
Доаѓа следната генерација на Galaxy AI! Подгответе се да ја откриете моќта на Galaxy AI сега вградена во најновата Galaxy Z серија и целиот екосистем на Galaxy. Подгответе се да влезете во светот на големите можности и во новата фаза на мобилната вештачка интелигенција.
На 10 јули, Samsung ќе го организира настанот Galaxy Unpacked во Париз – местото кое ќе стане епицентар на културата и трендовите, создавајќи совршена позадина за презентација на најновите технолошки иновации. Настанот ќе се емитува во живо на Samsung.mk, Samsung Newsroom и на YouTube каналот на Samsung во 15 часот по средноевропско време.
Бидете онлајн и посетете ја news.samsung.com/global за да ги видите сите тизери, трејлери и најновите вести поврзани со настанот Unpacked 2024.
Galaxy Unpacked
10 јули 2024 година
Во живо на Samsung.mk