Економија
ИНСТАТ: Албанија има 400.000 жители помалку од пописот во 2011 година
28.06.2024
Албанија има 2.402.113 милиони жители, објави денеска Институтот за статистика ИНСТАТ, врз основа на прибраните податоци од спроведениот попис од 18 септември до 30 октомври минатата година. Во земјата живеат 755.950 домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство, кои живеат во 1.082.529 домови.
Споредено со пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за 409.864 жители.
Во 2001 година попишани биле 3.069.275 жители.
-Изразено во проценти бројот на населението споредено со пописот во 2011 година се намалило за 16 отсто. Во периодот 2001/2011 падот е за осум отсто. Произлегува дека процентот на намалувањето на бројот на населението е двојно повисок.
Извор МИА
фото freepic