Економија

Кина, Индија и САД влијаеле на растот на светската трговија

Глобалната трговија годинава ќе достигне 32.000 милијарди долари, доколку продолжат позитивните трендови во трговската размена  од првиот квартал, кога вредноста на стоковната размена е зголемена за околу еден отсто во однос на претходниот квартал. Вредноста на размената со услуги пораснала за 1,5 отсто, соопшти Одделението на ОН за трговија и развој (УНКТАД)

- Очекувањата се дека овој раст ќе биде поттикнат од позитивната трговска динамика во САД и земјите во развој, посебно на големите азиски економии. Во првиот квартал годинава има поголема вредност на стоковната размена за 250 милијарди долари и околу 100 милијарди долари во размената на услугите, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Растот на светската трговија во периодот јануари-март се должеше главно на зголемениот извоз од Кина (9 отсто), од Индија (7 отсто) и САД (3 отсто). Извозот од Европа не забележа раст, а извозот од Африка е намален за пет отсто.

Според прогнозите, светскиот БДП ќе порасне за околу три отсто во 2024 година.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано