Lifestyle

Четири евра за пешкир на плажа!

Хрватските медиуми деновиве ја пренесуваат информацијата за доживувањето на една туристка која претстојувала во Водице во Хрватска, а која се пожалила дека  и било побарано да плати четири евра за поставување на пешкир на просторот пред еден бар покрај брегот. Приказна која била објавена претходно на социјалните мрежи и кој предизвикала бројни реакции од граѓаните, ја истражувале новинарите на  порталот „Морски.хр“, кои стапиле во контакт со претставници на барот, од каде им било кажано дека „станува збор за погрешна информација“.

Според објавените информации, од лицата кои стопанисуваат со барот им било соопштено дека „споменатиот простор не е плажа и  оти не е потребно да се бара дозвола за наплатување на поставување на пешкир, затоа што тоа е приватен имот“.  

- Местото е приватен имот кој е на десеттина метри над плажата, односно надвор од просторот на морско добро и затоа сопственикот или концесионерот може да наплатува и воздух ако тоа го сака, пренесува „Морски.хр“.

Од сопствениците на спорниот простор им било кажано дека кој сака да плати може да го користи за поставување на пешкир, а тоа ќе го чини четири евра. За поголем конфор односно за поставување на лежалка или за друг предмет за заштита од сонце (балдехин) цената е повисока и изнесува од 10 до 43 евра, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано