Lifestyle
Турција има набрз раст на нови богаташи
17.07.2024
Во Турција во 2022 и 2023 година најбрзо од земјите во светот растел бројот на богаташи, а стапката на раст изнесува 157 отсто, соопшти швајцарската UBS банка во својот Глобален извештај за богатството. По Турција следат Русија и Катар со раст на бројот на богаташи од 20 отсто, Јужна Африка со 16 отсто. Во наведениот период во САД бројот на богати се зголемил за 2,5 отсто, објави ЦНБЦ.
Овие податоци се неочекувани ако се има предвид дека во Турција инфлацијата достигна до 72 отсто што се одрази на намалување и на куповната моќ на најголем дел од населението, а со тоа се намали и потрошувачката. Дополнително турската лира во последните пет години изгуби 83 отсто од својата вредност во однос на американскиот долар.
Ваквата економска состојба не влијаеше и на материјалната состојба на богатите граѓани во Турција, кои поголемиот дел од имотот го држат во недвижности, луксузни автомобили и друг луксузен имот, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic