Економија
Амбасодорите на ЕУ го усвоија предлог буџетот за 2025 наменет за традиционалните европски политики
18.07.2024
Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија постигнаа договор за предлогот на Советот на ЕУ за буџетот за 2025 година, кој се темели на вкупните буџетски расходи во износ од 191,53 милијарди евра и тековни долгови од 146,21 милијарди евра, соопштија од унгарското претседателство на ЕУ.
- Постигнатиот договор претставува добра почетна основа за преговорите со Европскиот парламент и се надеваме дека буџетот ќе биде усвоен на време. Предложениот буџет има за цел да обезбеди претпазливо управување со буџетските средства и да остави резерви за непредвидливи состојби, соопшти Петер Банаи, државниот секретар задолжен за јавните финансии.
Според него, нацрт буџетот за 2025 година е замислен за да обезбеди финансирање на традиционалните политики на ЕУ како што е поврзување на членките и земјоделството, како и за долгорочни приоритетни проекти во периодот 2021-2027 година.
фото freepic