Економија

Силната побарувачка за струја во Кина и Индија ја истакнува важноста на јагленот

Побарувачката за струја во светот ќе забележи силен раст годинава и следната 2025 година поради силниот раст на кинеската и индиската економија, топлотните бранови и развојот на зелената технологија, но ќе го нагласи и значењето од стабилноста на употребата на јагленот во производството на електрична енергија, прогнозираат од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).  

-  Потрошувачката на струја ќе се зголеми годинава за околу четири отсто и ова е најсилен раст од 2007 година, ако се има во предвид дека во овој период  се случи финансиската криза и пандемијата. Слична стапка на раст ќе има и следната година, покажуваат прогнозите на ИЕА.

Од најголемите светски економии, највисок раст на потрошувачката на електрична енергија од осум отсто ќе има во Индија, поради големата економска активност и изложеноста на земјата на топлински бранови. Кинеската побарувачка за струја годинава ќе биде повисока за шест отсто, поради растот на кинеската преработувачка индустрија и развојот на зелената технологија.

Годинава во САД ќе има поголема потрошувачка на струја за три отсто, поради стабилниот економски раст и потребите за разладување на просториите. Во Европската Унија годинава растот ќе биде со скромни 1,7 отсто, по двегодишниот пад на потрошувачката предизвикан поради енергетската криза и високите цени на струјата.

Обвновливите извори на електрична енергија годинава ќе учествуваат со 30 отсто од вкупните потреби за струја, а во 2025 година учеството ќе порасне на 35 отсто.

Производството на струја од термоелектраните на јаглен ќе го задржи истотот ниво како во 2023 година, поради зголемената побарувачка за енергија посебно во Кина и Индија. Дури во 2025 година производството на струја од обновливи извори  треба да го надминат производството од термоелектраните на јаглен, соопштуваат од ИЕА, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано