Lifestyle
Аргентинците се откажуваат од традиционалната трпеза со говедско месо!
25.07.2024
Економската криза и високата инфлација во Аргентина се одрази и на животниот стандард на населението и на намалувањето на потрошувачката на говедско месо која, годинава ќе падне под 45 килограми по глава на жител, што е најниско ниво од 1914 година, се наведува во економскиот извештај заснован на податоци од владата.
Жителите на Аргентина, кои традиционално користат говедско месо во својата исхрана, се пренасочуваат кон поевтиното пилешко месо со намера да се изборат со високите трошоци на живот.
Аргентинците, заедно со нивните соседи од Уругвај, се уште се најголеми консументи на говедско месо во светот.
Аргентина, половина година по изборот на новиот претседател Хавиер Милеи, се соочува со длабока економска рецесија, откако длабоко девалвираше локалната валута, што се одрази и на намалувањето на куповната моќ на граѓаните, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic