Економија
Инфлацијата во БиХ се намали под два отсто
26.07.2024
Инфлацијата во Босна и Херцеговина забави на 1,6 отсто на годишна основа, по три последователни месеци од два отсто. На годишно ниво, најголем раст во јуни годинава во однос на јуни лани е забележан кај цените во рестораните и хотелите, кои пораснале за 7,3 отсто.
Стоките и услугите поскапеле за 5,2 отсто, рекреацијата и културата за 4,2 отсто, транспортот за 3,2 отсто итн. Цените на облеката и обувките забележаа просечен пад од 8,8 отсто.
Во периодот јануари-јуни годинава во однос на истиот период лани, инфлацијата изнесува 2 отсто.
На месечна основа, цените во БиХ се намалија за 0,5 отсто, а за тоа придонесоа пониските цени на храната и безалкохолните пијалоци за 0,9 отсто, облеката и обувките за 2 отсто. Цените за домување и комунални услуги се пониски за 0,3 отсто, а транспортот за 1,4 отсто.
Угостителските и и хотелските услуги поскапеа за 0,7 отсто, покажуваат податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, пренесуваат медиумите во БиХ.
фото freepic