Слабата потрошувачка во Кина и очекувањата за договор за прекин на војната во Газа го одржува падот на цените на нафтата три недели по ред, наспроти благиот пораст на вредноста на овој енергент на вчерашното тргување на светските берзи.
Фјучерсите на суровата нафта „брент“ за септември пораснаа за 15 центи, или 0,2 отсто, на 82,52 долари за барел. Американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) поскапе за 13 центи, или 0,2 отсто, на 78,41 долари за барел.
Референтните вредности на нафтата се намалија за околу пет отсто во последните три месеци. Падот на цената на нафтата „брент“ во изминатата недела беше незначителен, додека цената за американската сурова нафта се намали за два отсто.
Податоците за побарувачката за нафта од Кина покажуваат намалување за 8,1 отсто на 13,66 милиони барели дневно во јуни 2024 година, а тоа предизвикува загриженост кај аналитичарите, кои објаснуваат дека падот на кинеската потрошувачка на нафта се должи на користењето на електричните автомобили. Се очекува на намалување на цените да влијае и прекин на војната во Газа, пренесува. „Ројтерс“.