Економија
Словенците ја зголемиле потрошувачката на струја за полнење на електричните возила
27.07.2024
Потрошувачката на електрична енергија во Словенија во првата половина годинава е намалена за 3,3 отсто, а само во јуни е помала за 2,5 отсто во однос на истиот месец од минатата година. Најважаен фактор е намалената потрошувачка на домаќинствата, кои стануваат се повеќе енергетски самостојни со користењето на соларната енергија. Вкупната потрошувачка од преносната мрежа е помала за 4,9 отсто. Големите индустриски потрошувачи во Словенија кои се директно приклучени на преносниот систем, потрошиле 0,6 отсто помалку електрична енергија, додека купувачите приклучени на дистрибутивната мрежа потрошиле 3,6 отсто помалку струја во однос на истиот период лани, покажува анализата на податоците од службената евиденција, кој ја изработи Александер Мервар, генералниот директор на Системскиот оператор за електроенергетскиот систем на Словенија.
- За полнење на електричните возила се потрошени 45 отсто повеќе електрична енергија во однос на истиот период од 2023 година, вели Мервaр.
Податоците покажуваат дека потрошувачката на електрична енергија во Словенија е во постојан пад во последните години. Домаќинствата се единствените што потрошиле повеќе електрична енергија во првите шест месеци од годинава во однос на првата половина од 2019 година, без да се вклучи и потрошувачката за полнење електрични возила. Според Мервар, за тоа придонесе релативно ниската крајна цена на струјата во Словенија во однос на другите членки на Европската Унија, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic