Економија
Синиша Мали: Директните странски инвестиции во Србија изнесуваат 4,5 милијарди евра во 2023 година!
29.07.2024
Во 2023 година вредноста на директните странски инвестиции во Србија изнесува 4,5 милијарди евра, а 60 отсто од сите инвестиции во регионот се однесуваат на Србија, изјави Синиша Мали, српскиот министер за финансии.
- Србија стана атрактивна и поконкурентна земја за инвестирање во последните 12 месеци. Ние ги спроведуваме реформите на сите нивоа, ги зголемуваме платите и пензиите, вложуваме во инфраструктурата. Резултатот од тоа е зголемени приходи во буџетот и раст на БДП, изјави Мали за ТВ Прва.
Целта на Владата на Србија е до крајот на 2027 година и со вложувањето во светската изложба ЕКСПО земјата да оствари БДП од 100 милијарди евра, додека пред 12 години нацiоналниот производ изнесуваше 30 милијарди, пренесуваат медиумите во Србија.
фото freepic