Економија
Економијата на Шведска забележа квартален пад од 0,8 отсто!
29.07.2024
Економијата на Шведска во второто тромесечие на 2024 година забележа пад за 0,8 отсто во однос на претходниот квартал, покажуваат прелиминарните процени што ги објави Заводот за статистика на Шведска.
Кварталниот пад на шведската економија е последица на лошите резултати во април. На меѓугодишно ниво економијата на Шведска покажала знаци на стагнација во однос на вториот квартал 2023 година. Ваквите резултати се неповолни, ако се знае дека во првото тримесечие годинава е забележан мининален раст на економијата за 0,7 отсто.
Годишната стапка на инфлација во Шведска во јуни е намалена на 2,6 отсто и е најниска стапка од септември 2021 година. Во мај инфлацијата изнесуваше 3,7 отсто.
Цените на храната и на безалкохолните пијалоци во јуни се зголемени за 1,1 отсто, трошоците за домување и комуналии се повисоки за 5,6 отсто, објави „Еуроњуз“.
фото freepic