Lifestyle
Француските ревизори пресметале колку чини „кралската“ вечера во Версај
31.07.2024
Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон потрошил 475.000 евра на вечерата за британскиот крал Чарлс Трети минатата година во Версај, соопшти француската ревизорска институција, која предупреди на високите трошоци на францускиот претседател. Ревизорите посочија дека Елисејската палата во текот на 2023 година потрошила осум милиони евра повеќе од предвидениот буџет, пренесува „Гардијан“.
Во чест на Кралот Чарлс во септември 2023 година бил организиран државен банкет на кој биле присутни повеќе од 150 гости, а на менито имало јастози, маринирано пилешко месо во шампањ и диви печурки. Гостите биле послужени со избрани вина, а за десерт имало макарони прелиени со шербет од рози и компот од малини.
Според новиот француски ревизорски извештај, за „кралската“ вечера се потрошени 474.851 евро, од нив 166.193 евра за храна и 42.515 евра за пијалок.
Во извештајот на француските ревизори се наведуваат и трошоците за вечерата приредена во чест на индискиот премиер Нарендра Моди во музејот во Лувр, кој чинел скромни 172.922 евра, пренесува „Политика“.
фото freepic