Економија
Кои се најбогатите земји во Африка?
04.08.2024
Африка има 54 држави членки на ОН, но според проценките на ММФ во следните години не би требало да има промени на ранг листата на десет најмоќни афрички земји. Нигерија е водечка афричка економија со 477 милијарди долари БДП во 2022 година и оваа земја е на врвот на листата на најбогати земји. Втора економска сила на овој континент е Египет.
Нигерија е најнаселената земја на континентот, со повеќе од 200 милиони жители. Оваа земја долго време ќе биде водечка економија, пишува „Африка њуз“. Во 2028 година оваа земја треба да го зголеми БДП на 915 милијарди долари. Нигерија има разновидна економија, посебно во секторот со нафта и гас. Со тоа ќе се зголеми разликата со втората економска сила во Африка Египет, кој има 100 милиони жители.
На листата на најразвиени земји, според висината на БДП мерен преку паритетот на куповна моќ, Нигерија е на прво место, а потоа следуваат: Египет, Јужна Африка, Алжир, Мароко, Ангола, Кенија, Гана, Танзанија и Етиопија.
Економијата на Јужна Африка се потпира на рударството, земјоделството и услугите. Египет има развиена економија во туризмот, нафта, гасот и земјоделството. Алжир поседува големи резерви на нафта и гас. Мароко се потпира на развојот на туризмот,земјоделството, индустријата и улугите. Ангола поседува големи природни резерви.
Кенија е регионален економски центар со развиен услужен сектор,земјоделство и туризам. Етиопија доживува брз економски раст во земјоделството, производството и инфраструктурата, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic