Економија

Што го издиша берзанскиот балон во понеделник? Високите камати на ФЕД или нереалните акционерски очекувања од технолошките компании!

Стравот од рецесија на американската економија, недоволната брза реакција на Федералните резерви (ФЕД) во врска со намалувањето на каматните стапки и преголемите и нереални очекувања од вложувањата во вештачката интелегенција, се главни фактори за понеделничкиот пад на светските берзи, пишува во анализата на Си-Ен-Ен.

Иницијална причина беше информацијата за неочекуваниот скок на стапката на невработеност, што беше објавена минатиот петок. Американското Биро за статистика на трудот информираше дека во САД во јули биле отворени 114.000 работни места, што е под очекувањата на економските аналитичари, а невработеноста скокнала на 4,3 отсто.  

Инвеститорите беа загрижени затоа што американската централна банка Федералните резерви не реагираа навремено за намалување на каматната стапка, и минатата недела одлучи да ги задржи во каматни маргини од 5,25 до 5,5 отсто, односно на највисоко ниво во последните две децении.

СНН напоменува дека „берзанскиот балон“ бил  надуван  и поради високиот раст на акциите во последните две години, поради големите очекувања  на инвеститорите од технолошките компании,  кои работат на проекти од вештачката интелегенција, од кои многу инвеститори очекуваа дека ќе се случи нова глобална индустриска револуција. Но, профитот од вложувањето во вештачката интелегенција се уште е невидлив, а непотврдените ефекти од АИ технологијата, а многу инвеститори веруваат дека тоа никогаш нема да се случи што беше и силен удар за вредноста на акциите. Секоја од тие компании вредат близу билион долари и ја сочувааат вредноста на индексот S&P 500, и кога инвеститорите ги продаваат акциите во технолошките компании, тоа се шири и на глобалните берзански пазари, пренесува „Новости“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано