Економија

Што содржи економската визија на Трамп:„Купувај американско и вработувај американско“!

Економијата на САД се подготвува за можноста за повторен влез на Доналд Трамп во Белата куќа. Неговата визија за американската економија се базира на слоганот „Америка на прво место“, а се состои од воведување на нови високи царини и за поцврст став кон прашањето за имиграцијата. Инфлацијата и високиот раст на цените претставуваат главен проблем во САД, изјавиле мнозинството американски граѓани во анкетите пред претседателските избори во земјата, објавуваат повеќе светски медиуми, а анализа за предизборните случувања во САД, објави и „Дојче веле“.

Повеќете економски идеи на Трамп не се разликуваат многу од тие кои ги практикуваше со неговата прва администрација.

- Трамп се соочуваше со многу пречки во својот прв мандат. Тоа се пречки за кој е подготвен веднаш да делува, изјави Дан Малисон, вонреден професот на јавна политика и администрација на Универзитетот Пенсилванија во Харисбург.

Еден од начините за да ја поттикне американската економија, според Трамп,  се царините. Тој предложи општа стапка од 10 отсто на сите увозни производи во САД и агресивна царина од 60 отсто на сите производи од Кина. Како одговор од другите земји, најверојатно, би било воведување на реципрочни мерки, што може да доведе на состојба која е слична на трговска војна.

- Можеби нема да бие лошо, како што стравуваат некои. Трамп е склон на протекционизмот. Но, тој  имаше променливи резултати во примената на овие мерки и во другите вложувања во американската економија, изјави Малисон.

Економската платформа за која се залагаат републиканците во САД го промовира концептот „Америка на прво место“, вклучува и намалување на регулацијата на пазарот, враќањето на производството во САД и дерегулација на енергетската индустрија. Постои и притисок за затворање на границата со Мексико за да се спречи илигалната миграција и за депортација на нелегалните економски мигранти.  Промовирањето на паролата „Купувај американско и вработувај американско“, се состои во забрана за компаниите кои ги селат своите бизниси во странство да соработуваат со сојузната влада. Трамп и републиканците сакаат трајно да се задржат даночните олеснувања од 2017 година и да се ослободат работниците во рестораните и угостителството од плаќање на данок на доход за приходите од бакшиш, пренесува „Блиц


фото freepic“.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано