Економија
ДЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА СЕ ШТЕТИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО КИНА , само во јули 12.000 домови се однесени од поројните дождови
10.08.2024
Економските загуби на Кина од природните катастрофи во јули изнесувале 76,9 милијарди јуани, односно 9,25 милијарди евра. Оваа загуба е двапати поголема во однос на истиот месец лани, објави кинеското Министерство за вонредни состојби.
Вкупно 88 отсто од сите загуби од природни катастрофи се последица на силните дождови и поплави. Од природните катастрофи во јули биле зафатени 26,4 милиони луѓе ширум Кина, пренесува „Ројтерс“.
Властите во Пекинг преселиле 1,1 милион луѓе поради јулските катастрофи, а бројот на жртвите се проценува на 328 лица. Урнати се домовите на 12.000 луѓе, а биле оштетени 157.000 домови. Од силните дождови биле поплавени 2,42 милиони хектари земјоделски површини.
Кинеската економија во првата половина на 2024 година пораснала за пет отсто, покажале податоците на кинеското Национално биро за статистика (НБС), кои с еобјавени во јули. Вредноста на БДП од јануари до јуни годинава достигна околу 61,68 билиони јуани, што е околу 7,94 билиони евра.
фото freepic