Економија

ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕКОЈ 20 ЖИТЕЛ Е МИЛИОНЕР, во САД има повеќе богаташи од бројот на жители во Ирска

Вкупниот број на милионери во светот изнесува 15 милиони, а на врвот на листата со најмногу милиониери е САД. Во најмоќната економска земја во светот има 5,5 милиони богаташи или тоа е повеќе од бројот на жители во Ирска. Според критериумите на „ Visual Capitalista“, која ја изработи листата на земји со најбогати поединци, за  богаташ се смета секое лице кое поседува ликвиден имот и кој е способен за вложување од еден милион долари и повеќе,       пренесува „Блиц“

За десет години бројот на американските милионери се зголеми за 62 отсто. Во 2024 година тие учествуваат со една третина од милионерите во светот. САД како најголема економија во светот, привлекува милионери и од дргуи земји, барајќи нови можности за создавање на поголемо богатство.

Кина има околу 860.000  милионери, а Германија над 800.000 милионери. Милионерската популација во Швајцарија брои 428.000 лица, или секој 20 жител на оваа земја поседува богатство од над милион долари.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано