Економија
МИНИМАЛНА ПЛАТА ЗА СРЕДНИСТИ и МИНИМАЛНА ПЛАТА ЗА ФАКУЛТЕТЛИИ, предлага Социјалниот совет на Црна Гора
13.08.2024
Социјалниот совет на Црна ги прифати измените на Законот за труд воведување две минимални плати за вработените во зависност од образованието. За оние со средно и пониско образование минималецот би бил 600, а за вработените со више и повисоко образование од тоа – 800 евра. објави РТЦГ.
Воведување две минимални плати е дел од нацртот на фискалната стратегија на Владата, како и на политичката програма “Европа сега 2” за да може статистички да се дојде до просечна заработка од 1.000 евра. Премиерот Милојко Спајиќ ја поздрави одлуката за зголемување на минимланата плата.
-Ја поздравувам одлуката на Социјалниот совет да го поддржи зголемувањето на минималната плата како главна мерка од програмата „Европа сега 2”. Се бориме за подобар стандард и достоинствен живот на сите наши граѓани, напиша тој на Икс.
Во 2020 година минималната плата изнесувала 222 евра, па со најавеното зголемување таа би се зголемила за речиси четирипати.
фото freepic