Економија
ЈАПОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ОСТВАРИ (НЕ)ОЧЕКУВАН РАСТ, зајакна и јапонскиот јен во однос на доларот
15.08.2024
Јапонскиот бруто домашен производ во второто тромсесечие порасна за 0,8 отсто и ги надмина очекувањата на аналитичарите кои ги анкетираше „Ројтерс“, а кои проценува раст на јапонската економија од 0,5 отсто.
Во првото тромесечие годинава економијата на Јапонија забележа пад од 0,6 отсто. На годишно ниво БДП се намалува второ тромесечие по ред за 0,8 отсто.
По објавата на податпците на БДП, референтната вредност на Nikkei 225 се зголеми за 0,16%, додека Topix прикажа раст од 0,44%.
Денеска јапонскиот јен значително зајакна во однос на американскиот долар и се разменуваше за 147,18 јени.
Јун Саито, виш научен соработник во Јапонскиот центар за економски истражувања за ЦНБЦ изјави дека резултатот за БДП е „многу позитивен“ и ќе ја потикне Банката на Јапонија да продолжи со зголемувањето на каматните стапки. Но, неговите проценки се дека јапонската економија ќе расте „скромно“ во текот на целата 2024 година, поради контракциите забележани во првиот квартал годинава, објави „Сеебиз“.
фото freepic