Економија

ВО ЈУНИ НАМАЛЕН ИЗВОЗОТ НА СТОКИ НАДВОР ОД ЕУ, еврозоната оствари суфицит во трговската размена

Првите проценки на трговскиот биланс на еврозоната во јуни 2024 година покажаа суфицит од 22,3 милијарди евра во размена на стоки со остатокот од светот, во споредба со 18 милијарди евра во јуни 2023 година.

Извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во јуни 2024 година изнесува 236,7 милијарди евра, што е намалување за 6,3% во однос на јуни 2023 година (252,5 милијарди евра). Увозот од остатокот од светот изнесува 214,3 милијарди евра, што е пад од 8,6 отсто во однос на јуни 2023 година (234,5 милијарди евра), објави Евростат.

Во периодот од јануари до јуни 2024 година, еврозоната забележа суфицит од 107,5 милијарди евра, наспроти дефицитот од три милијарди евра во периодот јануари-јуни 2023 година. Извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот падна на 1.430,1 милијарди евра (намалување од 0,8% во однос на периодот јануари-јуни 2023 година), а увозот падна на 1.322,6 милијарди евра (намалување од 8,4% во однос на јануари-јуни 2023 година).

Билансот на Европската Унија покажа суфицит од 20,9 милијарди евра во размена на стоки со остатокот од светот во јуни 2024 година, наспроти 18,6 милијарди евра во јуни 2023 година.

Извозот на стоки надвор од ЕУ во јуни 2024 година изнесува 212,3 милијарди евра, што е за 6,1% помалку во споредба со јуни 2023 година (226 милијарди евра). Увозот од остатокот од светот изнесува 191,4 милијарди евра, што е за 7,7% помалку во споредба со јуни 2023 година (207,4 милијарди евра).


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано