Економија

ТУРЦИЈА НЕ ОТСТАПУВА ОД КАМАТНА СТАПКА ОД 50 ОТСТО, прогнозираат економистите пред утрешната одлука на Централната банка

Комитетот за монетарна политика на Турција предводен од гувернерот Фатих Карахан ќе ја задржи цврстата монетарна политика за да ја намали инфлацијата до крајот на годината на 38 отсто. Годишната стапка на инфлација во Турција во јули се намали на 61,78 отсто, но на месечно ниво порасна за 3,23 отсто во однос на јуни, објави неодамна Турскиот институт за статистика (Тукстат).

Турските власти сакаат да постигнат континуиран пад на инфлацијата, но инфлаторните очекувања на компаниите и домаќинствата во Турција се високи и тие влијаат на цените и на побарувачката, пренесува Б92.

Прогнозите се дека потрошувачката во Турција ќе се намали во втората половина годинава. Централната банка утре ќе ја објави одлуката за каматните стапки.

Централната банка на Турција најверојатно по петти пат ќе ја задржи референтната каматна стапка на 50 отсто, е заклучокот од анкетата на економистите кои ја спроведе „Блумберг“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано