Економија
НАЈГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА КОРИСТЕЊЕТО НА ЈАГЛЕН ВО ЕУ, две земји учествуваат со 60 отсто од вкупната потрошувачка
19.08.2024
Производството и потрошувачката на јаглен во Европската Унија во 2023 година се намали на најниско ниво, покажуваат прелиминираните податоци кои денеска ги објави Еуростат.
Минатата година се произведни 274 милиони тони јаглен што е за 22 отсто помалку во споредба со претходната година. Потрошени се 351 милион тони, односно 23 отсто помалку од 2022 година.
Намалувањето на потрошувачката на јаглен за 100 милиони тони е едно од најголемите годишни намалувања на потрошувачката на овој енергент во ЕУ.
Најголеми потрошувачи на јаглен во 2023 година се Германија со 37 отсто од вкупната потрошувачка и Полска со 27 отсто и овие две земји учествуваат со 60 отсто од вкупната потрошувачка, објави „Нова.рс“.
фото freepic