Економија

ГЕРМАНСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ПАДНАА ВО „ПОДЛАБОК ПЕСИМИЗАМ“, Институтот ИФО со неповолни оценки за бизнис климата во Германија

Деловната клима во Германија овој месец навлезе во подлабок песимизам, соопшти денеска економскиот институт ИФО. Индексот на расположение, кој е еден од најважните индикатори на домашната економија, се намали трет месец по ред и достигна вредност од 86,6 бодови. Со августовското намалување од 0,4 бодови, деловната клима во Германија е на најниско ниво од февруари годинава.

Германскиот институт ИФО секој месец анкетира околу 9.000 фирми со различна големина од сите сектори на економијата. Барометарот на деловната клима  го искажува моменталното расположение на германските менаџери, кои ја оценуваат економската состојба и очекувања за наредните месеци. Состојбата во август ја оцениле послаба во однос на претходниот месец, објави агенцијата ДПА.

- Расположението е во понирачки лет, изјави Клеменс Фист, претседателот на ИФО, како коментар на објавените податоци.

Германските менаџери се жалат на недостиг од нови нарачки, а најпогодени се производителите на инвестициска опрема .

- Германската економија тоне се подлабоко во криза, предупреди Фист, пренесе „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано