Економија
МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО СРБИЈА СЕ ЗГОЛЕМУВА НА 460 ЕВРА, миминалната плата ќе ја покрива потрошувачката кошничка во Србија
28.08.2024
Минималната плата во Србија од 2025 година ќе изнесува 53.592 динари, што е зголемување од 13, 7 отсто. Минималниот износ на плата ќе ја покрива потрошувачката кошничка, а еден работен час во Србија ќе се плаќа 308 динари или 2,6 евра. Ова е договорeно на денешната седница на Социјално-економскиот совет во Србија.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека ова е прв пат по шест години одлуката за висината на минималецот да се донесува со социјален дијалог, а не со еднострана одлука на Владата.
Сегашниот износ на минимална плата е 404 евра, а од следната ќе биде 457 евра, што е двоцифрена стапка на раст. При одредувањето на минималната плата се водело сметка да не го загрози растот на БДП, како и интересите на работодавачите и компаниите, да се задржат работните места , да се одржи буџетската и фискалната стабилност и да се овозможи прилив на нови странски инвестиции, пренесува РТС.
фото freepic