Економија

ТУРЦИЈА СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА, ШВАЈЦАРИЈА СО НИСКА, но каков е растот на економиите во двете земји

Годишната стапка на инфлација во Турција во август се намали на 51,97 отсто во споредба со јулската инфлација од 61,78 отсто, објави денеска Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во август пораснаа за 44,88 отсто, а цените на услугите во хотелите  и рестораните за 67,70 отсто.

На месечно ниво инфлацијата во Турција се зголеми за 2,47 отсто во споредба со јули.

Централната банка на Турција одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 50 отсто за да ја намали домашната побарувачка и да ја смири високата инфлација во земјата. Економијата на Турција во вториот квартал порасна за 2,5 отсто и претставува забавување во однос на првиот квартал кога забележа раст од 5,3 отсто.

Годишната стапка на инфлација во Швајцарија во август се намали на 1,1 отсто од јулската инфлација од 1,3 отсто. Експертите очекуваат Швајцарската народна банка да ги намали каматните стапки во септември.

Швајцарија има една од најниските стапки на инфлација во Европа. Швајцарската влада објави дека бруто домашниот производ во вториот квартал се зголемил  за 0,5 отсто. Овој раст се должи на силната експанзија на хемиската и фармацевстката индустрија, соопшти Државниот секретаријат за економски работи во Швајцарија. Очекувањата на централната банка се за зголемување на БДП од околу 1 отсто во 2024-та година, пренесува „Политика“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано