Економија
ДЕЛОВНАТА КЛИМА ВО ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА СЕ ВЛОШУВА, шестмесечни песимистички прогнози на институтот ИФО
04.09.2024
Деловната клима во германската автомобилска индустрија се влошува во август, а индикаторот за искажување на деловното расположение во секторот се намали на минус 24,7 бодови од јунските -18,5, објави минхенскиот институт ИФО.
- Песимизмот во германската автоиндустрија се продлабочува, предупреди Анита Волфл, аналитичарка од институтот ИФО.
Во наредните шест месеци ги очекува песимистички прогнози. Искажано со индексите на ИФО деловната клима ќе се влоши на -40,5 бодови.
- Компаниите во германската автомобилска индустрија се соочува со недостиг од нови нарачки, посебно од странство. Ова се одразува и на планирањето на бројот на работници, појаснува Волфл.
Августовски податоци покажуваат дека индикаторот на извозните активности е значително намален и изнесува -29,6 бодови.
Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ минатата недела најави дека разгледува опција за затворање на фабриките во Германија, за да ги намали трошоците за десет милијарди евра и да обезбеди профитна маржа од 6,5 отсто до 2026 година, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic