Економија

КИНА ЌЕ ВЛОЖИ 50 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ЕКОНОМИИТЕ ВО АФРИКА, кинескиот лидер најави отворање на најмалку милион работни места за Африка

Повеќе од 50 милијарди долари за финансирање на проекти во Африка во наредните три години, најави кинескиот лидер Си Џинпинг  на самитот со  повеќе од 50  афрички лидери, на кој се  најавува и продлабочување на економската соработка, во инфраструктурата и трговијата. На овој  самит што се одржува во Пекинг присуствува и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, а веќе се постигнати повеќе договори за поголема соработка во проекти во инфраструктурата, земјоделството, рударството, трговијата и енергетиката.

- Во текот на следните три години кинеската влада ќе пружи финансиска поддршка во износ од 360 милијарди јуани (50,7 милиони долари). Повеќе од половината ќе бидат во кредити од 11 милијарди долари во разни видови помош, како и 10 милијарди долари преку поттикнување на кинеските фирми за вложување, изјави Џинпинг.

Кинескиот лидер вети финансиска помош за отворање на најмалку милион работни места за Африка. Кина е втора светска економија и најголем трговски партнер на земјите од Африка и преку инвестициите се обидува да ги искористи природните ресурси на овој континент, како што се бакарот, златото, литиумот и други ретки минерали, пренесува АФП.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано