Економија

КАНЦЕЛАРОТ СО СТУДЕН ТУШ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ: „Нацијата старее, решението е во имиграцијата“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во расправата за буџетот

„Пред граѓаните во Германија претстојат големи економски проблеми“, предупреди германскиот канцелар Олаф Шолц, во денешната расправа за буџетот за наредната година, а како причини за „проблемите“  го наведе стареењето на работната сила и затоа како што нагласи тој „решението е во имиграцијата“.

- Не постои држава во светот со намален број на работно спаособно население, а која има економски раст. Тоа е вистината со која сме соочени, рече Шолц.

На патот сме на овој проблем и германската влада ги поедностави законските прописи за добивање на државјанства и за привлекување на квалификувани работници.

- Сакаме овде да дојдат луѓето и да научат германски јазик, да ги почитуваат законите, да заработат за живот и да имаат право на глас, порача германскиот канцелар.

Тој ја истакна потребата од вложување во инфраструктурата,а  во следните десет години мора да се вложат милијарди евра во обнова на инфраструктурата затоа што со години беше запоставувана. Ова се однесува на патиштата, за мрежата за мобилна телефоинија и за обновување на индустриските капацитети, пренесе „Еуроњуз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано