Економија
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СО НЕОДРЖЛИВИ БУЏЕТСКИ РАСХОДИ НА ДОЛГ РОК, јавната потрошувачка во земјата ќе се зголемува од сегашните 45 отсто од БДП
14.09.2024
Фискалните ризици и долгорочните притисоци за буџетски расходи на долг рок ќе ги стават јавните финансии на Велика Британија на неодржлива патека, доколку не се промени значајно фискалната политика во земјата. Врз основа на сегашната политика и демографските трендови, се предвидува британскиот јавен долг да се зголеми од сегашното ниво на под 100 отсто од БДП на неверојатни 274 отсто од националниот производ во 2075 година, се наведува во извештајот на Канцеларијата за контрола на буџетските средства (ОБР).
Во извештајот се истакнуваат клучните фактори кои го поттикнуваат овој раст на јавниот долг, вклучувајќи ги економските последици од стареење на населението, фискалните барања за борба против климатските промени и зголемување на геополитичките тензии.
Исполнување на државната цел за нето нулта емисија на штетни гасови до 2050 година бараат големи буџетски расходи, посочуваат од ОБР. Глобалните безбедносни ризици ќе го зголемат финансискиот притисок, а властите во Велика Британија најавуваат и зголемување на потрошувачката за одбраната на 2,5 отсто од БДП. Според проекциите, јавната потрошувачка ќе се зголеми од 45 отсто од сегашниот БДП на повеќе од 60 отсто до средината на 2070 година, пренесува Б92.
фото freepic