Економија
ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОЗОНАТА, забавувањето на растот на платите е предуслов и за намалување на каматните стапки
16.09.2024
Платите во еврозоната во вториот квартал 2024 година се зголемиле за 4,5 отсто и бележат забавување во однос на растот од 5,2 отсто во првиот квартал, објави денеска Евростат.
Според одделните сектори, платите во производството пораснале за 5,3 отсто, во градежништвото за 5,6 отсто, во информатичката дејност и комуникациите за 4,8 отсто, во финансиите за 4,7 отсто. Во сите споменати сектори има забавување на растот на платите во еврозоната во однос на претходниот квартал.
Меѓугодишниот раст на платите во Германија во вториот квартал годинава изнесува 4,7 отсто, а во Шпанија 3,7 отсто. Во овие земји има понизок раст на платите споредено со првиот квартал.
Во Франција платите пораснале за 3,4 отсто и е повисок во однос на првиот квартал со раст од 3,2 отсто.
Европската централна банка предупреди дека забавувањето на растот на платите е еден од важните предуслови за намалување на каматните стапки во еврозоната, пренесува Б92.
фото freepic