Економија

ВО ЈУГОСЛАВИЈА ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗГРАДАТ ЧЕТИРИ НУКЛЕАРKИ според планот на Тито нуклеарките требало да бидат готови до 2000 година

Во поранешна Југославија требало да бидат изградени четири нуклеарни електрани, а сараевски „Енергоинвест“ произведувал опрема за реактори. Југословенските власти почнале  во 1955 година  со организирано школување на кадри за работа во нукеларни постројки, а биле утврдени и евентуалните локации  каде требале да бидат изградени нуклеарките.

Експертот за енергетика Миодраг Месаровиќ, кој бил вклучен во тимот за избор на локација и концепцијата за изградба на нуклеарната електрана „Кршко“ во Словенија, во разговор за „Гласот на Српска“ објаснува како течеле подготовките за изградба на првата нуклеарна централа во Југославија.

- Беше отворен рудникот за ураниум на Стара Планина, а рудата се носеше во Институтот за нуклеарна наука „Винча“. Тогашната нуклеарна програма предвидуваше изградба на четири нуклеарни електрани. Прва е направена НЕ „Кршко“ и пуштена во работа 1983 година. Следната требаше да биде „Превлака“, низводно од Загреб покрај реката Сава , а другите две требаа да бидат на брегот на Дунав, изјави Месаровиќ.

Планот на Тито бил сите нуклеарки да бидат изградени најдоцна до 2000 години. По пуштањето на „Кршко“ се случи хаваријата во „Чернобил“ во Украина и беше донесен закон за забрана за градење на нуклеарни капацитети во тогашната Југославија, пренесува „Бизнисинфо“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано