Економија

ЕУ ГО НАМАЛИ УВОЗОТ НА ЕНЕРГЕНТИ, Русија останува меѓу трите најголеми извозници на гас

Европската Унија го намали увозот на енергенти во вториот квартал годинава и во овој период увезени се производи од 177,9 милиони тони во вредност од 94,9 милијарди евра, објави Еуростат. Во однос на истиот квартал од 2023 година, увозот е намален за 9,7 отсто, а вредноста за 10,7 отсто.

Вредноста на увозот на природен гас е намалена за 31,4 отсто, додека обемот е намален за 9,5 отсто.

Сличен тренд е забележан и за течниот гас, каде увозот бележи остар пад на вредноста (-41,2 отсто) и во  количина (-20,2 отсто).

Иако има намалување во количиниата на узвозен гас,  Русија сè уште е меѓу првите три извозници на гас во ЕУ.

Најголем дел од природниот гас доаѓа од Норвешка (43,5 отсто) и Алжир (21,6 отсто), додека Русија е на трето место (15,5 отсто).

САД испорачувале речиси половина од увезениот течен природен гас (46,0 отсто), но Русија е втор најголем извозник на природен гас во ЕУ (16,8 отсто), а Катар е трет (11,9 отсто), пренесува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано