Економија

БУГАРИЈА ЌЕ СЕ СООЧИ СО НЕДОСТИГ ОД 400.000 РАБОТНИЦИ, иако платите во Бугарија растат побрзо од просекот на ЕУ

Бугарија ќе се соочи со значително намалување на работната сила во наредната деценија, а процените се дека бројот на работоспособни лица ќе се намали за 400 илјади.

Овој пад ќе се случува паралелно со растот на трошоците на труд. Бугарија е на второ место во Европската Унија. Според податоците на Евростат, во вториот квартал Бугарија има зголемување на платата за еден работен час за 15,4 отсто. Хрватска забележила раст од 17,6 отсто, а Романија има раст на платата за еден работен час за 15 отсто.

Лачезар Богданов, главен економист од Институтот за пазарна економија, предупредува дека земјите од источна Европа (со исклучок на Словенија) покажуваат брзи стапки на раст на платите кои се поголеми од просекот на ЕУ. Во текот на изминатите шест години, платите во Бугарија се зголемиле за двапати, но тоа се должи на ниската почетна основа, што беше и долгорочен проблем за бугарската економија.

Проблемите со кои бугарските компании ќе се соочат во наредниот период се однесува на тоа што зголемувањето на трошоците за работна сила се случува со намалување на расположивите работници. Во наредните 10 до 12 години, јавниот и приватниот сектор ќе мораат да се прилагодат на работа со помалку вработени, со користење на технологијата за одржување на продуктивноста. Ова подразбира и работниците со високи квалификации и образование да не извршуваат едноставни административни задачи, туку да бидат ангажирани на работни места за кои е потребна нивната стручност, пренесува Б92.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано