Бизнис

ГРЦИЈА ПРОДАВА УДЕЛ ОД НАЦИОНАЛНАТА БАНКА, Грција би можела да заработи 727,2 милиони евра

30.09.2024

Грција се подготвува да продаде 10 отсто од уделот во Националната банка на Грција, што ќе претставува крај на процесот на приватизацијата по државната акција за спасување пред повеќе од една деценија.

Според цената која ја постави грчкиот фонд за спасување на банките ХФСФ, Грција би можела да заработи 727,2 милиони евра од продажбата, а се очекува трансакцијата да биде затворена на 2 октомври годинава.

Владата ќе задржи 8,4 отсто од уделот во Народната банка на Грција. Одлуката за продажбата на уделот се случува по бројните продажби на имотот во други банки во земјата. Претходно, ЕЦБ им дозволи на грчките банки да исплатат годишна дивиденда на акционерите по прв пат од 2008 година.

Прогнозите на Европската комисија се дека грчката економија во 2025 година ќе порасне 2,3 отсто и ќе биде над просекот на еврозоната, објави „Инвеститор.ме“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО