Економија

ГОЛДМАН САКС ГИ НАМАЛИ ИЗГЛЕДИТЕ ЗА РЕЦЕСИЈА ВО САД

Голдман Сакс ги намали изгледите за САД за влегување во рецесија во следните 12 месеци за пет процентни поени  на 15 отсто, по најновите извештаи за вработувањето кои се подобри од очекуваните показатели.

Во септември во САД има зголемување на бројот на работните места и овој раст е најголем во последните шест месеци. Стапката на невработеност се намали на 4,1 отсто, објави Министерството за труд во петокот.

Федералните резерви во септември ја намалија својата референтна стапка во распон од 4,75%-5,00%, што е прво намалување на стапката од 2020 година, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано