Економија

ГЕРМАНИЈА ГОДИНАТА ЌЕ ЈА ЗАВРШИ СО „БЛАГА РЕЦЕСИЈА“, прогноза на претседателот на Бундесбанка

Германија би можела и годинава да заврши со економски пад, изјави денеска Јоахим Нагел, претседателот на Бундесбанка. Според него, најверојатно и втората половина годинава ќе биде слаба и не може да се исклучи Германија да забележи „блага рецесија“ во 2024 година. Во 2023 година германската економија оствари пад од 0,3 отсто.

Водечкиот германски економски институт неодамна ја објави ажурираната есенска прогноза за економскиот развој во која се наведува дека германската економија на крајот на 2024 година може да се намали за 0,1 отсто.

Експертите очекуваат послабо заздравување на Германија во 2025 година со раст од 0,8 отсто и со 1,3 отсто во 2026 година, објавија од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен, пренесе НИН.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано