Економија
ИЕА: ДО 2030 ЌЕ БИДЕ ДОСТИГНАТА ЦЕЛТА ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
13.10.2024
Целта која е поставена на минатогодишната конференција за клими, а која се однесува за зголемување на капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори до 2030 година, е пред исполнување, се наведува во извештајот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Според ИЕА, капацитетите за производство на зелената електрична енергија ќе се зголемат за 2,7 пати до 2030 година. Со ова обновливите извори на енергија ќе покриваат речиси половина од потребите во светот, пренесува француската агенција АФП.
Во изградбата на капацитети за обновливи извори на енергија се вклучиле и приватните компании и домаќинствата, посебно на вградувањето на соларни панели и ветерни турбини, како и на големи соларни електрани. До 2030 година се очекува 60 отсто од растот на ОИЕ да се случи во Кина, а Индија ќе забележи најбрз раст од големите економии, пренесува „Сеебиз“.