Економија
ВО СРБИЈА 2024 ГОДИНА Е РЕКОРДНА СПОРЕД ИЗДАДЕНИ ДОЗВОЛИ НА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ
14.10.2024
Во Србија минатата година година на странските работници им биле издадени 52.185 дозволи за работа, а во текот на годинава биле поднесени околу 67.000 барања за вработување на странски државјани. Годинава ќе биде рекордна според бројот на издадени работни дозволи на странски државјани, но целта на државата е да обезбеди еднаков третман како и на домашните работници, изјави Срџан Барац, советник на министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања, на конференцијата за либерализација на пазарот на труд и трговија со луѓе.
- Доволно направивме за вработувањето на странците да биде пофлексибилно и да се олеснат сите процедури. Нашата цел не е само да добијат работа, тие треба да имаат и исти плати, здравствено осигурување и платени придонеси, како и другите вработени во земјата, изјави Барац.
Според податоците на Центарот за заштита на жртвите од трговија со луѓе во Србија, во текот на последните шест години 323 лица биле жртви на трговија со луѓе, од нив 45 лица биле работно експлоатирани, пренесува „Форбс.рс“.
фото freepic