Бизнис

ШПАНИЈА ПРЕДВОДИ ВО РАЗВОЈОТ НА БРЗИ ПРУГИ ВО ЕУ

09.02.2025

Најголемата густина на железничката мрежа е регистрирана во Чешка, со 123,2 метри железнички пруги на квадратен километар, а потоа следат Белгија (119,2), Германија (109,5) и Луксембург (104,8), објави Заводот за статистика на ЕУ. 

Најмала густина на железничката мрежа е забележана во Грција (14 метри пруга на квадратен километар), Финска (19,4), Шведска (26,8) и Естонија (27,2). 

Брзите железнички линии во Европската Унија дизајнирани за брзини над 250 километри на час беа проширени од 2.744 километри на 8.556 километри во периодото од  2013 и 2023 година. 

Шпанија предводи патот во ширење на брзите пруги во 2023 година со 3.190 километри брзи линии, што претставува зголемување од 66 отсто во споредба со периодот пред десет години, а потоа следат Франција со 2.748 километри (35 отсто повеќе) и Германија со 1.163 километри (32 отсто), пренесува Б92.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО