Економија
ЛИБИЈА ИМА НАЈНИСКА ЦЕНА НА ГОРИВОТО, А НАЈВИСОКА...
25.04.2025
Во април 2025 година, цените на горивата значително варираат низ целиот свет, одразувајќи ги економските, политичките и географските специфики на поединечните земји.
На врвот на листата на земји со најскапо гориво е Хонгконг, каде што граѓаните плаќаат 3,46 евра за литар бензин од 95 октани. Високите цени во овој град делумно се должат на ограничениот простор, високите даноци и трошоците за увоз на гориво. Следува Исланд со цена од 2,35 евра за литар, каде што цените се под влијание на високиот животен стандард и трошоците за транспорт. Данска е на третото место со 2,21 евра за литар, следуваат Холандија со 2,20 евра и Лихтенштајн со 2,14 евра. Во овие европски земји, високите даноци на гориво, вклучувајќи ги и еколошките даноци, значително придонесуваат за високите цени, а во исто време го поттикнуваат користењето на алтернативни извори на енергија.
Најевтиното гориво е достапно во земјите богати со нафтени ресурси, каде што владите често ги субвенционираат цените на горивата за да го поддржат стандардот на граѓаните. Во Либија, литар бензин чини само 0,027 евра, што е најниската цена во светот. Иран е многу блиску со цена од 0,029 евра за литар, додека во Венецуела литар бензин чини 0,035 евра, пренесува Пословни дневник.