Lifestyle

ПРВО ПОЛЕТУВАЊЕ И СЛЕТУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧЕН АВИОН!

„Бета Технолоџис“ е првата американска компанија што успеа да организира полетување и слетување на целосно електричен авион, објавија од компанијата.

Летот од Њу Џерси до меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк траеше 45 минути, а покрај пилотот, во авионот имаше уште четири лица, објави Ројтерс.

Агенцијата забележува дека транспортните компании, вклучувајќи ги и авиокомпаниите, сакаат да развијат услуги со користење на авиони на батерии што можат да полетуваат и слетуваат вертикално за превоз на патници на кратки градски патувања, избегнувајќи го сообраќајот.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано