Lifestyle
Мекинтош постави трет светски рекорд во пливање за пет дена
12.06.2025
Трикратната олимписка шампион Самер Мекинтош од Канада постави нов светски рекорд на 400 метри мешано. На државното првенство во Монтреал, Канаѓанката оствари резултат од 4 минути 23,65 секунди.
Претходниот светски рекорд за ова растојание исто така и припаѓаше на Мекинтош - тој беше 4 минути 24,38 секунди.
Мекинтош за пет дена собори три светски рекорди. Претходно, 18-годишната пливачка патеката 200 метри поединечно мешано ја помина за 2 минути и 5,7 секунди, а 400 метри слободно за 3 минути и 54,18 секунди.
Извор/фото МИА