Lifestyle
Во Европа пристигнува топлотен бран, температури со над 40 степени
12.06.2025
Пред почетокот на летото, во Европа пристигнува првиот сериозен топлотен бран кој ќе го зафати поголемиот дел од континентот. Според анализите на порталот Severe Weather Europe, екстремните температури беа регистрирани кон крајот на мај во Шпанија, каде што живата на термометарот достигна речиси 42 °C. Овој топлотен бран се шири од југозапад кон централна и северна Европа и во наредните денови се очекува во Франција, Германија, Италија и делови од Балканот, каде што температурите би можеле да надминат 35 °C.
Во петок и за време на викендот, моделите предвидуваат надпросечни високи температури дури и во Скандинавија, кои би можеле да бидат од 8 до 12 °C над просекот. Централна Европа и делови од Медитеранот би можеле да се соочат со температури до 40 °C, без врнежи и многу сув воздух, објави Вечерњи.хр.
Во недела, температурите во Шпанија и Португалија значително ќе се зголемат, со отстапување од околу 10 до 12 °C над просекот. Значително повисоките температури ќе бидат поизразени во југозападна Европа. Многу високи температури прво ќе се развијат во јужна Шпанија и Португалија, со максимум од околу +42 °C во недела и +40 °C во понеделник и вторник, пренесуваат медиумите во регионот.